Сончевата бура удри во атмосферата: Загрозена работата на ГПС, сателитите, комуникацијата


Силно геомагнетско невреме може да предизвика тешкотии во работата на сателитот за навигација и телекомуникација, прекин на радио врската со бродовите и авионите во близина на Земјините полови…

sunceva-oluja-1389373269-425379Сончевото невреме кое носи милијарди тони материјал со брзина поголема од три милиони километри на час, удрило во атмосферата на Земјата, соопшти денеска американската метеоролошка управа (NOAA), јавува ТВ каналот АBC, Прогнозерите велат дека во наредните 24 часа, „силно геомагнетско“ невреме може да предизвика тешкотии во работата на сателитите за навигација и телекомуникација и прекин на радио-врската со бродовите и авионите во близина на Земјините полови, а може да влијае и на системот за навигација (GPS) и други. Воздухопловните компании веќе ја избегнуваат трасата во близина на Земјините полови, за да патниците и екипажот не ги изложат на зголемена електро магнетна радијација.

„Тоа е силно невреме, но не и најстрашна прилика“, изјавил експертот за NOAA за вселената Џо Кунчис и нагласи дека добрата вест е што луѓето кои имаат GPS уред во автомобилите, веројатно нема да можат да ги приметат последиците. Тој додаде дека поларната светлост поради Сончевото невреме ќе биде видлива и појужно од областа во која оваа светлост обично се забележува. Геомагнетното и Сончевото невреме по нивната сила се окарактеризирани како урагани. Ова, сегашно невреме е означено со степен „S-3“ што е на половина од скалата чиј највисок степен е „5“.

Но, тоа не е се.

Местото од каде што ова невреме почна пред 48 часа, ќе биде закана уште неколку недели, се додека од таа страна сонцето не се повлече од Земјата“, изјавил Кунчис. Во моментов особено се погодени поларните области од Земјата. Кунчис објаснува дека, да ова невреме стинело пред недела дена, веројатно ќе биле уште повеќе погодени телекомуникациите за време на спасувањето на патниците од бродот кој заглави на ледот кај Антарктикот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1