Што сонувате овие денови: Толкување на снег, елка и бакнеж во соништата


Соништата често ни влијаат на расположението па сме во состојба цел ден да размислуваме за нив. Доколку сме сонувале нешто што ни разбудило убави чувства, цел ден очекуваме да ни се случи нешто прекрасно. Ако сте од оние кои често сонуваат еве неколку значења кои ќе ви помогнат да ги протолкувате вашите соништа:

sneg 654

Снег
Да видете снег во сон: тага, штета, пепреки; ако паѓа снег: веселба, радост; многу длабок снег: непријатни спомени; да се топи: доаѓаат подобри времиња; да паднете на снег: во љубовта нема да имате среќа и длабоко ќе се разочарате; да одите по снег: ќе живеете во неизвесност; да чистите снег: ве очекува добиток на пари и веселба во домот.

Елка
Да сонувате елка обично значи дека со нетрпение исчекувате некоја семејна прослава, собир и поинтензивно обновување на семејните односи и врски.

Снегулки
Радосен настан во семејството.

Новогодишно пакет
Кавга дома.

Подарок 
Да примите: пријател ќе ве изневери; Да подарувате: мали работи ќе ве израдуваат.

Бакнеж
Да му дадете на некого бакнеж: заемна љубов, свадба; Да добиете бакнеж- ќе ви отпатува партнерот.

Забава 
Да сонувате некоја забава, а посебно исполнета со музика и танц ја означува вашата безгрижна и пријатна природа. Вие сте во добро расположение.

Свршувачка
Да видите туѓа свршувачка: ќе имате големи, непредвидливи трошоци; да се свршите – ќе примите добри вести; можен брз брак.

Зима
Претпазливо пред опасностите.

Ѕвезди
Ќе се вљубите во постара личност.

Патување
Со автомобил: ќе сретнете далечни пријатели, големи промени; пеш: ќе ја одложите работата до подоцна.

Важно е да сфатите дека соништата не ја предвидуваат иднината туку ја рефлектираат нашата потсвест, така што во овој период од годината, кога овие поими речиси секојдневно ни се во „ушите“, поголема е можноста да ни се појават и во соништата. 

Fox.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1