Каква разлика во однос на денешните деца: Ова се новогодишните желби на децата во 1959 година!


Без разлика дали биле „лоши“ или добри, децата во 1950-тите години сонувале за сосема поразлични работи од денешните деца. На нивната листа на желби од посакуваните подароци немало „iPad“, компјутер, кукли кои зборуваат, роботи…

bozikj 59

Во Велика Британија, имено, во 1959 година бил снимен филм во кој група деца ги изнесувале своите божикни желби. На нивната листа имало многу едноставни работи, посебно кај девојчињата.

Две момчиња од Дедо Мраз побарале велосипед со две тркала и ѕвонче. Седумгодишната Жилан посакала штица за пеглање за да помага во домашните работи. Едно од девојчињата побарало Библија, а друго „ох, што било“, пишува „Мирор“.

Како изгледало сето тоа, погледнете го видеото.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1