35 мртви: Фрлиле лажни пари во толпата која славела Нова Година – настанало стампедо


Најмалку 35 луѓе се мртви, а 48 се повредени за време на новогодишната прослава во Шангај. Трагедијата била предизвикана со тоа што луѓето масовно потрчале да соберат лажни пари, кои биле фрлени кон толпата.

Screenshot_35

Стампедото се случило кратко по полноќ по локално време додека огромна толпа луѓе славеле Нова година на плоштадот Чен Ји во шангајската населба Хуангпу, јави Синхуа.

Повредените, од кои повеќето се студенти, се однесени во болниците низ градот.Властите работат на откривање на причината за трагедијата, но медиумите и сведоците од местото тврдат дека стампедото почнало кога луѓето масовно тргнале да ги собираат лажните пари што некој ги фрлил од зграда над плоштадот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1