Што во рестораните не е здраво – лед, сол и бибер …


Вработените во рестораните за брза храна одговраат на прашањето, што не треба да се конзумира, со цел да се подобри здраствената и хигиенската состојба кај сите нас.
Лед
Освен на калориите и количеството шекер во газираните пијалоци, треба да се мисли и на ледот. Вработените велат дека не можат да гарантираат дали апаратот за лед е чист и дали во истиот би можело да има мувла.

Пилешки „медаљони“
Ова јадење е често нарачувано. Во зависност од ресторанот и шефот на кујната, варира и квалитеот. Сепак голем број на вработени не би го конзумирале ова јадење.

Сол и бибер
Садовите се секогаш нечисти поради ваквите зачини, и никогаш целосно не се исчистени. Не се знае низ колку раце поминале истите. Погледнете ја загаденоста на просторот во кој што се наоѓате, па закључете сами дали треба да бидете параноични.

Сладок чај
Маѓу вработените, без оглед на името на ресторанот, владее консензус дека овој чај секогаш е пресладок.

Пилешки копани
Вработените тврдат дека тоа што месото е печено, не значи и дека е здраво. Имено за да не дојде до залепување на месото со тавата, вработените користат поголемо количество на маргарин (нездрава маст), а за да остане сочно, додаваат уште поголемо количество на маргарин кој го нанесуваат на месото на горната страна.

Вегетаријански фаст фуд
Вработените говорат дека вегетаријанската храна често апсорбира масло во кое се пржело претходно месото. Ако сте осетливи размислете за ова.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1