Секоја боја која ќе ја одберете за вашата венчавка има посебно значење. Погледнете што значат боите кои најчесто се употребуваат на свадби.
Розева:
Дури 15 % од невестите ја одбираат розевата боја за нивната свадба. Розевата боја е универзална боја на љубовта, но и на нежната природа на жените. Таа претставува грижа, прифаќање и нежност. Розевата боја има повеќе варијанти: од силна и впечатлива розева за летните денови, до нежна бледа розева која, во комбинација со сребрено, е одлична за зимски свадби. Розевата боја е одлична во комбинација со друг бои како зелена, сина, кафена, беж или бела.
Виолетова:
Виолетовата боја е впечатлива и најчесто ја одбираат невести кои се самоуверени и знаат што сакаат. Виолетовата боја всушност значи одлучност, а симболизира магија и мистерија, и е боја на кралските свадби. Виолетовата боја најдобро се вклопува со златна или сребрена, но не и со другите бои.
Сина:
Сината боја најчесто ја одбираат младоженците, а таа симболизира инспирација, искреност и духовност. Сината е омилена боја на невестите кои се смирени и сталожени, а ја избираат и оние невести кои имаат венчавни на плажи. Најдоброто кај оваа боја е што таа има многу нијанси, од нежно бледо сина, до темно сина како морето, па на вашата свадба може да и дадете и гламурозен но и егзотичен акцент.
Класична „слонова коска“:
Оваа боја е симбол на чистина, минимализам и класа. Невестите кои ја одбираат слоновата коска најчесто се перфекционисти по природа и сакаат нивната свадба да изгледа совршено до последен детал. Доколку ја одберете слоновата коска, вашата венчавка ќе биде романтична и прекрасна. Изберете многу цвеќе, вазни и свеќи и организирајте ја венчавката на отворено.
Црвена:
Црвената боја е симбол на страста, авантуристичкиот дух и смелоста. Невестите кои одбираат црвена боја се екстровертни личности, понекогаш драматични и со лидерски способности. Изберете црвена боја, латино музика и пригушено светло за вашата свадба и погответе се за страсна ноќ.
Боза.мк