Родум Мисирец. Голем мисирски подвижник. Како момче ги посетуваше прочуените подвижници и собираше од нив опитно знаење како трудољубива пчела.
Еднаш Пимен измоли од Старецот Павел да го однесе кај Свети Паисиј.
Кога го виде Паисиј му рече на Павле:
„Ова дете ќе спасе многумина, со него е раката Божја.“ Со време Пимен се замонаши и кон монаштво привлече уште двајца од своите браќа.
Еднаш дојде мајка им да ги види своите синови, но Пимен не ја пушти внатре, а ја праша:
„Сакаш повеќе да нѐ видиш овде или во вечноста?“ Мајка му се оддалечи со радост, говорејќи: „Штом сигурно ќе ве видам таму, тогаш не сакам да ве видам овде.“
Во манастирот на овие тројца браќа, со којшто управуваше најстариот брат, Анувиј, типикот беше ваков: ноќе четири часа минуваа во ракоделие, а четири во псалмопеење. Дење од утрото до пладнето времето го минуваа наизменично во работа и во молитва; од пладнето до Вечерната читаа, а после Вечерната си подготвуваа вечера: тоа им беше единствениот оброк во деноноќието, и тоа обично од некакво зелје. За нивниот живот самиот авва Пимен рече:
„Јадевме тоа што ни се предлагаше, никој никогаш не рече: дај ми нешто друго или јас тоа не го сакам. На тој начин ние го поминавме сиот живот во безмолвие и во мир. Авва Пимен се подвизуваше во 5 век и мирно се упокои во длабока старост.“
Преподобен Пимен Палестински
Во црковниот клир на МПЦ , МИТРОПОЛИТОТ НА ЕВРОПСКАТА ЕПАРХИЈА ГО СЛАВИ И ГО НОСИ ИМЕТО НА АВВА ПИМЕН ВЕЛИКИ
Митрополитит Пимен е надлежен архиереј за Европската епархија, и досега од денот на неговото хиротонисување се изградени три нови цркви во Тринген Швајцарија, Свети Наум во Мламе и Св Никола во Маинц Германија!
Оваа година Европската епархија прославува две децении од нејзиното формирање, и денот ке го чествува на 11 октомври
На многаја лета Владико !