Што значи да се верува? Преподобен Пимен Велики


Што значи да се верува? Да се верува значи да се пребива во смирение и милост.
Денеска православната црква го слави денот на Преподобен Пимен Велики!
avva-pimenПреподобен Авва Пимен живееше во петтиот век. По род беше Египќанец. Монаштвото го засака уште како дете, па ги посетуваше големите старци и трудољубиво собираше од нив поуки, како што пчелата го собира медот од најубавите цветови. Подоцна се замонаши, а по него се замонашија и неговите двајца браќа.

Родум Мисирец. Голем мисирски подвижник. Како момче ги посетуваше прочуените подвижници и собираше од нив опитно знаење како трудољубива пчела.

Еднаш Пимен измоли од Старецот Павел да го однесе кај Свети Паисиј.

Кога го виде Паисиј му рече на Павле:

„Ова дете ќе спасе многумина, со него е раката Божја.“ Со време Пимен се замонаши и кон монаштво привлече уште двајца од своите браќа.

Еднаш дојде мајка им да ги види своите синови, но Пимен не ја пушти внатре, а ја праша:

„Сакаш повеќе да нѐ видиш овде или во вечноста?“ Мајка му се оддалечи со радост, говорејќи: „Штом сигурно ќе ве видам таму, тогаш не сакам да ве видам овде.“

pimenВо манастирот на овие тројца браќа, со којшто управуваше најстариот брат, Анувиј, типикот беше ваков: ноќе четири часа минуваа во ракоделие, а четири во псалмопеење. Дење од утрото до пладнето времето го минуваа наизменично во работа и во молитва; од пладнето до Вечерната читаа, а после Вечерната си подготвуваа вечера: тоа им беше единствениот оброк во деноноќието, и тоа обично од некакво зелје. За нивниот живот самиот авва Пимен рече:

„Јадевме тоа што ни се предлагаше, никој никогаш не рече: дај ми нешто друго или јас тоа не го сакам. На тој начин ние го поминавме сиот живот во безмолвие и во мир. Авва Пимен се подвизуваше во 5 век и мирно се упокои во длабока старост.“

Преподобен Пимен Палестински

Во црковниот клир на МПЦ , МИТРОПОЛИТОТ НА ЕВРОПСКАТА ЕПАРХИЈА ГО СЛАВИ И ГО НОСИ ИМЕТО НА АВВА ПИМЕН ВЕЛИКИ

Митрополитит Пимен е надлежен архиереј за Европската епархија, и досега од денот на неговото хиротонисување се изградени три нови цркви во Тринген Швајцарија, Свети Наум во Мламе и Св Никола во Маинц Германија!

Оваа година Европската епархија прославува две децении од нејзиното формирање, и денот ке го чествува на 11 октомври

На многаја лета Владико !

photo.php

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1