Што знаете за пивото? – Митови и заблуди


 Златната течност е појалок кој има најголем број обожаватели кои ги раскажуваат најлудите приказни за својот миленик.

Тие отсликуваат различни дилеми поврзани со составот, предрасуди и стереотипи кај народот, борбата меѓу конкуренцијата но заедничка им е фанатичната љубов кон „Течниот леб“. И тоа не е без причина. На здравје!

Мит: Темното пиво содржи повеќе алкохол

Потполно погрешно. На пример GUINNESS е црно пиво и има 4,2% алкохол, а од друга страна постојат светли пива со дури 8 проценти алкохол.

Бојата на пивото нема никаква врска со количината на алкохол туку исклучиво од начинот на ферментација на сладот, а тоа никако не влијае на процентот на алкохол.

Состојките кои влијаат на тоа се скробниот сируп и медот, но тие од друга страна немаат никаква врска со бојата на пивото. Со други зборови – Темно или светло, ќе почувствувате разлика во вкусот но во нивото на алкохолизираност НЕ!

Мит: Пивото се уништува со загревање па повторно ладење

Овој мит може да биде точен само ако овој процес го повторувате повеќе пати но тоа веќе не е мит туку изживување.

На пивото може да му наштети светлината, топлината и времето. Промените во температурата најчесто не се проблем освен ако не се работи за екстремни температури.

Секако важно е да забележите дали купувате свежо пиво но доколку се зезнете чувањето на темно место ќе биде доволно да се зачува квалитетот на пивото.

Мит: Корона е мексиканска урина

Во осумдесетите години на минатиот век проструија гласини дека мексиканските работници уринираат во пивото наменето за извоз. И што се случи?

Нормално конкуренцијата вмешала прсти и пуштила бубачка поради големиот раст на Корона на пазарот.

Вината ја призна вработен во Heineken, а Корона после тоа доживеа уште поголем бум.

Сепак оваа приказна се уште може да се слушне во биртиите низ планетава кажана како шала или вистина.

Мит: Во Ирска се служи подобар GUINNESS

Да размислиме убаво: Ако предвид го земеме процесот на производство на ова пиво за кој се бара многу во финансиска смисла, со што нема никаква причина GUINNESS  да ја стави својата репутација на производство на пиво кое би варирало во вкусот и квалитетот.

Ако евентуално постои некаква разлика таа потекнува од фактот дека пивото мора да се пренесе што понекогаш тој процес трае и две недели, време што може да влијае на неговата свежина.

Мит: Безалкохолното пиво не содржи алкохол

Безалкохолно е секое пиво кое содржи помалку од 0,65 проценти алкохол на вкупниот волумен.

Со други зборови потребни се десет такви пива за да ја внесете количината на алкохол која ја содржи еден BUDWEISER.

Од друга страна во Европа дури и овошните пива како што се оние со лимон содржат околу 2 проценти алкохол.

Мит: Пивски стомак

Иако стомаците ни растат со секоја испиена кригла сега изгледа ке мора да најдеме друго оправдување.

Пред неколку години научниците дојдоа до заклучок  дека пивскиот стомак нема никаква врска со пивото.

Истражување во кое биле вклучени 2 000 Чеси (а веќе знаеме кои се најголеми љубители на пиво во светот), покажало дека големината на нивните стомаци нема никаква врска со количината на пиво кое тие го испиле.

Резултатите покажале дека на пивото како и на секој друг алкохол реагираат со дебелеење и раст на стомакот само оние луге кои и онака имаат генетски предиспозиции за дебелеење.

Мит: Жените не сакаат пиво

Ова нема потреба да се докажува.

Овој мит настанал поради мажите обожаватели на фудбалот кои седат во фотеља, гледаат натпревар и шмркаат пиво, додека жената домаќинка го лула своето дете и на својот маж му додава една лименка.

Сепак овие стереотипови и денес често се употребуваат иако немаат врска со реалноста.

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1