И да се разбуди Шуми нема да биде истиот –Ова го тврди англискиот експерт Ричард Гренвуд, а неговите германски колеги предупредуваат дека Шумахер можеби во кома ќе остане до крајот на животот.
Шумахер не може да се опорави ниту по 19 дена од падот за време на скијањето во француските Алпи. Лекарите не можат да го разбудат од состојбата на индуцирана кома, во која беше ставен за да се помогне опоравувањето на неговиот мозок од последиците од ударот во карпа.
Доктор Ричард Гренвуд, специјалист за повреди на мозокот од Универзитетската клиника во Лондон, смета дека доколку Шумахер се разбуди од кома, ќе биде поинаква личност.
– Луѓето кои доживеале тешка повреда на мозокот имаат трипати поголеми шанси да починат порано од предвиденото. Луѓето по такви трагедии мораат да почнат на живеат поинаку, со нови животни ограничувања, бидејќи се променети. Не се веќе истите луѓе, вели Гринвуд.