Михаел Шумахер ги отворил очите, но само кратко пишува францускиот весник „Л’Екип“ повикувајќи се на свои извори, пренесува Курир.
Францускиот весник „Л’Екип“ тврди дека од понеделникот лекарскиот тим почнал да го буди Шумахер од вештачката кома. Во текот на процесот на постепеното будење седумкратниот шампион во Формула 1 на кратко ги отворил очите, а тоа претставувало добар знак во процесот на закрепнување.
Семејството и лекарскиот тим не ја потврдија оваа изјава и нема да коментираат ништо додека не бидат сигурно дека Шумахер закрепнува.
Портпаролката Сабине Кем изјави дека семејството и лекарите ќе се воздржат од било какви коментари на информациите кои ќе излезат во јавноста преку медиумите и нема да коментираат шпекулации.