Шутка 5 год без Гинеколог и Педијатар


 

Шутка во 21 век без гинеколог, педијатар, интернист, рентеген. Нема вода во поликлиниката, зголемена е смрттноста на бебињата.

13.000 жени во Шутка кои се во репродуктивниот период, 5 години се без гинеколог. Нема доктор што сака да работи во оваа скопска населба. Отсуство на гинеколог во Шуто Оризари каде има најголем број на трудници и родени бебиња ја зголеми смртноста кај бебињата во оваа скопска општина, тврдат невладините организации. На последниот оглас за концесионери во Шуто Оризари пред две години не се пријавил ниту еден гинеколог.

„ Без матичен лекар и навремените контроли се појавуваат аномалии во бременоста кои што жените ромки не можат да ги видат и во процесот на породување, после породувањето или по 2-3 месеци нивните бебиња умираат“, вели Љатифе Шиковска, од Невладината организација „Амбрела“.

Нов оглас сега ќе распише министерот за здравство Тодоров. Тој се надева дека лекарите ќе бидат мотивирани од заработувачката, бидејќи нема начин да ги натера да работат со жени ромки.

„Станува збор за општина во која гравитираат околу 50.000 жители и има околу 13.000 жени во репродуктивен период, а нема гинеколог. Тоа е сериозен проблем бидејќи гинекологот кој бил тука до пред четири – пет години е заминат и има недостиг од оваа здравствена услуга во една општина каде има голема концентрација. Тоа што има поголем број на жени што немаат гинеколози, мислам дека ќе биде најдобар мотив да се нафатат за оваа работа“, вели министерот за здравство Никола Тодоров.

Засега само невладината организација ХЕРА во болницата во Шутка обезбедува гинеколог еден ден во неделата, а додека се најде нов гинеколог, министерството ќе се обиде да обезбеди гинеколог уште два или три дена во неделата.

Министерот ја разгледува и можноста да се отвори и рендгенско одделение во подрумските простории во Здравствената станица. Што се однесува на недостигот од вода, директорот на Здравствен дом – Скопје, Тања Баевска – Вучковиќ, вели дека трите пумпи кои не беа во исправна состојба, се заменети и сега има доволно вода.

Tags: , , , , , ,

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1