Шведска: Агенти на безбедносна служба потрошиле 650.000 долари за журка ала Џејмс Бонд


Шведскиот премиер ги повикал  шефовите на владината агенција за да ги исконтролира трошоците откако во медиумите се појавиле скандалозни извештаи дека безбедноста на службата SAPO oрганизирала журки на тема Џејмс Бонд кои чинеле 650 000 долари.

Медиумите во Шведска пренеле дека SAPO организирал журки за 1000 свои вработени во јуни 2011 година со маси за рулет, оркестар кој свирел песни од филмовите на Џејмс Бонд заедно со танчерки и музичари и комичари.

Извештајот кој излегол во јавноста предизвикал лавина реакции и критики на сметка на владината агенција, а SAPO бил исмејуван во јавноста.

Премиерот Фредерик Рајнфелд на медиумите им изјавил дека шефовите на агенцијата се добро платени и дека собираат повеќе информации за тоа што се случило и каде исчезнаа 650.000 долари.

Share Button

Tags: , , , , ,

Ирена Чачкова

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1