Си-Ен-Ен открива кој гласал за Трамп


Републиканецот Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД пред се со гласови од белци, бидејќи Американките биле понаклонети на кандидатката на демократите Хилари Клинтон, јави Си-Ен-Ен.

Според првите податоци, што се однесува за полот, 53 отсто мажи дале глас за Трамп, додека 54 отсто жени гласале за Клинтон.tramp-glas-640x360

Помладите гласачи мнозинство гласале за Клинтон, а постарите од 45 години воглавно за Трамп.

Си-Ен-Ен зеле предвид и материјална состојба на гласачите – Трамп добил гласови главно од оние кои имаат поголеми материјални примања.

Либералите гласале за Клинтон, конзервативците за Трамп.

– Говорите на Трамп за мигрантите и муслиманите зеле данок, па за него гласале воглавно белци, додека Клинтон приграбила симпатии на црнците и Хиспаноамериканците, наведува медиумот во извештај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1