Оние инвеститори кои го презеле ризикот да вложат во руските пазари во изминатата година, сега се насмевнуваат задоволно, бидејќи курсот на рубљата драстичното се зголеми за 25% во однос на доларот, пренесоа CNN
Руската Федерација станува сé поатрактивна за инвестиции во позадина на зајакнување на националната валута на земјата, анализира телевизијата.
Русија е привлечна за инвеститорите, и покрај наметнатите санкции и тоа нема да се промени во иднина, коментира американскиот милијардер Дејвид Бондерман. Тој смета дека санкциите служат како политичка декларација, која може да предизвика иритација, а не и ефикасност.