Си се сончал, а сега е во ќелија – На Бали уапсен бос на Коза Ностра


Во соработка со италијанската и индонеизската полиција, уапсен е Антони Месикати Витае, шефот на сицилијанската мафијашка организација Коза Ностра. Полицијата го фатила за време додека бил на одмор на Бали, каде што го славел својот 40-ти роденден. Се посомневале дека би можел да биде таму, откако забележале како неколку членови од неговото семејство, патуваат токму на Бали.


Мафијашкиот бос, е осомничен за неколку злосторства меѓу кои и за убиство и трговија со луѓе и преродавање оружје. Ќе треба да отслужи 10 години затвор поради мафијашко здружување. И неговиот татко бил мафијаш, а убиен бил 1988 година на Сицилија.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1