Сибел Шепард ќе се мажи со Србин


Иако зад себе има две брака и три деца, холивудската ѕвезда која беше во врска со Елвис Присли,  Сибил Шепард (62) одлучи уште еднаш да си даде шанса и тоа со српскиот психолог Андреј Николајевиќ.
„Верена сум. Тој порано работеше како златар, а сега работи како психолог. Србин е. Ме побара клекнат на колена. Беше многу романтично. Не верував дека ќе се омажам повторно“ изјавила актерката за „Њујорк дејли њуз„.

Оваа вест предизвика огромен број на коментари на српските форуми, а најбројни се коментарите дека најверојатно мислела да каже дека е од Сибир, па се збунила и рекла дека е Србин, како и исмејувањето за тоа како може некогашен златар одеднаш да работи како психолог.

За четири децении, колку што работи како актерка, Сибил ја поврзуваа со многу успешни мажи, а беше модна икона на шеесеттите години.
Своето филмско деби Шепард го имаше во 1971 година во филмот „Последна кино претстава“  со  Петар Богдановиќ со кого беше во врска, а главна улога и беше доделена во  1976 година во филмот  „Таксист“ на Скорсезе.

Сепак, најдобро позната е по нејзината улога во „Случајни партнери“  во која играше со Брус Вилис кој тогаш беше ѕвезда во подем.

Актерката претходно беше во брак со Дејвид Форд-сопственик на ноќен клуб со кого ја има ќерката Клементина и со Брус Опенхајм, лекар со кого ги има близнаците Сајрус и Моли Ариел.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1