Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтерова скала е регистриран денеска во Средоземно Море, во близина на Грција, соопшти Евро-средоземноморскиот сеизмолошки центар.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Според сеизмолошкиот центар, епицентарот на потресот бил на 161 километар источно од градот Ираклон, на грчкиот остров Крит, на длабочина од два километра под површината на земјата