Силен земјотрес од 6.4 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во 3.55 часот утринава. Земјотресот со епицентар во Драч, Албанија, беше почувствуван и во земјава, но и во Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Италија, Косово, Србија и Црна Гора.
Земјотресот се случил на 164 километри западно од Скопје, близу местото Рушкул, над градот Драч, во Албанија. Во текот на претходниот час, регистрирани се и два други посилни земјотреса со 4,8 и 3,1 степени.