Силно снежно невреме го погоди Балканот – снегот доаѓа во Македонија


Силно снежно нереме вечерва го погоди Балканот. Најголеми проблеми има во Хрватска и Словнија каде на места навее и до 40 сантиметри снег. Покрај снегот дува и силен ветер. Патштата се целосно замрзнати и сообраќајот се одвива отежнато.

Влажниот бран доаѓа и во Македонија.sneg-smetovi-zavejani-zrenjanin-vetar-foto-grad-zrenjanin-1391170275-437549

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен воден талог. Претпладне врнежите ќе бидат поинтензивни во западните, а околу пладне и попладне во југоисточните делови од земјава. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, особено во источните делови.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од шест до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд особено околу пладне и попладне. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до девет степени.

Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови ќе има локални врнежи претежно од снег

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1