Ни трага ни глас од семејството: Босанец ги одвел сопругата и трите ќерки во џихад!


Петочленото семејство, со потекло од БиХ, кое живеело во Австрија, исчезнало, па се претпоставува дека се приклучило на Исламската држава.

Нема ни трага ни глас од 35-годишниот Енес Скалиќ, неговата 36-годишна сопруга Михаела Субашиќ и ќерките Сара, Ениса и Алија, на возраст од 2, 9 и 11 години.semejstvo dzihad-sirija

По нив, според виенски Курир, потрага започнал Интерпол, а се претпоставува дека се наоѓаат во Сирија, и дека се приклучиле на Исламската држава. Енес е роден во Австрија, во Брегенц, а неговата сопруга Михаела поради него го прифатила исламот, и во бракот ја довела една ќерка од претходниот брак.

Сестрата на Михаела, на 19. декември ги алармирала властите и поднела пријава за исчезнувањето на семејството.

Според тамошните медиуми, Енес во Грац работел како претприемач. Меѓутоа, тој не бил успешен во работата што ја работел, па компанијата ја ставил во мирување.

“Деветгодишната ќерка во училишниот дневник напишала дека сака да оди во Мека и конечно да носи марама”, пренел градоначалникот Хелмут Кригл.

Семејството заминувањето во џихад го планирала подолго време, бидејќи минатата есен ја ставило својата куќа на продажба.

Инаку, Енес не им е познат на австриските власти, кои сметаат дека припаѓа во кругот на таканаречени “западно балкански борци”. Тоа се исламистите кои се регрутирани од страна Мирсад Омеровиќ, односно Ебу Тејма и Босанецот Билал Босниќ.

Tocka.com.mk

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1