22 годишно момче од Смедерево е уапсен по 4 месеци потрага за силување на малолетничка. Го фатиле така што девојката го препознала по фотографијата кога ја додал на фејсбук за пријател.
Милан Џорџевиќ Бели во јули во 3 часот наутро во Смедерево ја видел малолетничката како се враќа само од град. Ја следел и кога стасала до црквата во населбата Царина ја нападнал и ја силувал.
Девојката го пријавила и го опишала, но повеќе од 3 месеци полицијата никако неможела да го најде осомничениот.
Пред неколку дена девојчето добило барање да прифати нов пријател на фејсбук. Се шокирала кога видела дека на профил фотографијата е нејзиниот силувач. Веднаш ја повикала полицијата, а со помош на фејсбук профилот полицијата добила име презиме и адреса на силувачот. Уапсен е и во притвор. Заработи кривична пријава за силување.