Силувана, па убиена: Малечката невеста не си го одзела животот, се спремала за свадба


Ѕвездата на популарната индиска серија „Малата невеста“, актерката Пратиша Банерџи (24), е пронајдена мртва во својот стан во Мумбај.

Трагичната вест ја потврдила и полицијата, како и пријател на Патриша кој вели дека е шокиран, наведува “Mirror“. Во станот ја пронашол нејзиниот вереник.Screenshot_18

Сепак, блиските пријатели на Ананди од серијата која беше хит и во Макеоднија, велат дека таа не би посегнала по својот живот, па се сомневаат дека се работи за убиство.

– Истрагата е во тек, премногу е рано да се дадат повеќе детали и информации, вели извор на истрагата.

Таа наскоро требаше да се омажи за нејзиниот вереник, иако нивната врска беше позната како многу турбулентна. Затоа токму тој е еден од првите што се испитуваат во полиција. Тој не одговарал на повиците на медиумите, откако веста се рашири во јавноста.

– Во петокот и се јави на другарка и ја прашуваше за поранешната девојка на саканиот. Се сомневала дека ја изневерува. Освен тоа била и депресивна, вели нејзина пријателка.

Блиските велат дека тој изгледал смирено по веста за смртта.

Сепак, пријателите велат дека таа била јака личност, издржлива која поминала се низ животот. Не веруваат дека каков проблем и да имала, би посегнала по животот.

Малечката невеста е пронајдена со видливи трага на вратот, како и модринки на левиот образ. Немала исплазен јазик и очи како што вообичаено се случува кога некој ќе се обеси. Сите детали засега се нејасни и се испитуваат.

Таа пред смртта напишала на една од социјалните мрежи: Дури и кога ќе умрам нема да ти го свртам грбот.

Полицијата го истражува случајот.

Republika

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1