Добри вести за студентите и висококвалификуваните. Германија од 1 август издава нови визи со без многу бирократија ќе се доаѓа до работна и престојна дозвола во оваа земја.
број студенти од странство кои сакаат да работат и живеат во Германија сега треба да имаат само „сина карта“ тврди „Дојче веле“.
За да се добие оваа карта, германските власти треба да ја признаат дипломата на студентот и да дадат потврда дека годишно може да заработи 44.800 евра. Со таа карта може да живее и работи до 4 години.
Инженерите и научниците за природни науки секогаш се добредојдени затоа што се дефицитни, па колкава плата ќе имаат нема да влијае на добивањето на сината карта.
Со ваквата карта германците сакаат да дадат сигнал дека се отворени кон светот и сакаат да живеат и работат со луѓе од различни делови на светот, пишува Дојче веле.