Сине, кога ќе бидам стар, те молам биди трпелив со мене – ова писмо ќе ве расплаче


Ова писмо можеби е напишано за сите нас кои си ги сакаме родителите и подготвени сме да им го дадеме целото внимание кое го заслужуваат.

– Драги сине, се уште не сум стар, а кога ќе ме видиш таков, биди трпелив со мене и обиди се да ме разбереш.  Ако се испрљам за време на ручекот, и ако не можам да се облечам, биди трпелив. Сети се на часовите кои ги потрошив додека те учев на тоа.  И ако во разговор повторува неколку пати исти работи, немој да ме прекинуваш, сослушај ме. Како кога беше мал, морав повторно да ти читам иста приказна се додека не потонеш во сон.starlette

Ако не сакам да се бањам, не ме исмејувај и не ме навредувај. Сети само како јас морав да те бркам и да излисувам работи за конечно да влезеш во бања. Кога ќе видиш дека не ја познава технологијата, дај ми време и немој да ме гледаш со потсмев. Јас тебе те научив на многу работи – правилно да одиш, да се облекуваш, да се сооочиш со животот.

Ако за време на разгворот заборавам на некои работи, дај ми време да се присетам, и ако тоа тешко ми оди, немој да се лутиш. Не ми енајважната работа во живото нашиот разговор, туку тоа дека сум со тебе и дека ме слушаш.

Ако не сакам да јадам, немој да ме присилуваш. Самиот знам најдобро кога храната ми е потребна, а кога не. Кога моите уморни нозе повеќе не ме држат, пружи ми рака исто како што јас  ти пружав тебе, кога ги правеше првите чекори.

И ако еден ден кажам дека повеќе не ми се живее, дека сакам да умрам, не лути се на мене, еден ден ќе ме разбереш. Еднаш ќе спознаеш дека сите учиме од грешките, сакав само најдобро и се обидов да те подготвам за патувањето низ животот.

Не тагувај, не лути се и не чуствувај се како беспомошен кога ќе ме гледаш покрај себе таков. Биде покрај мене и обиди се да ме разбереш како јас тебе кога го почнуваше својот живот. Биди ми поткрепа, помогни ми да го завршам патувањето со љубов и со трпение. Ќе ти возвратам со намсевка и со неизмерна љубов, која одсекогаш ја чував за тебе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1