Војин Ражнатовиќ, еден од синовите на починатиот Жељко Ражнатовиќ Аркан, не престанува да ја изненадува јавноста во Србија со своите изјави поврзани со неговата маќеа, српската фолкерка Светлана Цеца Ражнатовиќ, пишува српски „Свет“.
Имено, Војин на својот профил на Фејсбук објавил фотографија од наводниот тестамент на својот починат татко Аркан, а тогаш ги навел и фактите според кои тој смета дека овој тестамент е лажен и дека е креиран од страна на сопругата на Аркан, Светлана Цеца Ражнатовиќ.
„Пред времето кое доаѓа, соочен со вистината и опасноста која се заканува. Еве сега можеме колективно да го анализираме овој лажен тестемент во режија на Светлана Величковиќ.
Грешка број 1 – никогаш татко ми не би пишувал на латиница, секогаш пишуваше на кирилица.
Грешка број 2 – човекот кој од ништо не се плашеше – (кој ја помина првата половина на 90-тите во најжестоките битки на нашите простори), одеднаш испаѓа дека се исплашил од неколку НАТО бомби…
Грешка број 3 – тестаментот не е заверен на суд.
Грешка број 4 – тестаментот е многу брзо напишан, и тоа под лупа на правникот Зоран Јовановиќ, главен фалсификатор на потписот и на правните документи во државата.
Тестаментот одеднаш се појавил неколку недели откако Цеца се согласи половина од имотот да земе за себе, а другата половина да ја поделат сите деца.
Дали сте подготвени да ја видите следната страна?, напишал Војин покрај фотографијаа изнесувајќи некои многу остри факти.
А како што најавил, наскоро ќе ја објави и следната страна на тестаментот.