Трагедијата на бугарскиот претседател Плевнелиев со неговиот син Филип започнала на одмор во Грција. Ова е најверјатно последната фотографија од детето со другарчињата, пренесува бугарскиот новинар Лилов.
По сè изгледа дека претседателот Плевнелиев и олигархот Прокопиев биле заедно на одмор (веројатно во Халкидики, Грција, каде што претседателот има куќа). Ова го тврди на својот профил на Фејсбук новинарот Григор Лилов по повод трагедија со ненадејната смрт на првородениот син на претседателот на Бугарија. Тој прави заклучокот врз база на изразеното сочувство од Прокопиев на социјалнаите мрежи, кои биле илустрирани со слика на пет дечиња, застанати со лица кон морето, која е од профилот на Иво Прокопиев. Лилов ја поддржува хипотезата со напишаното:
– “Едно детенце вчера отскокнуваше на брановите, а денес летна кон светот …”. Овој текст е од профилот на сопругата на олигархот – Галина . И во нејзиниот профил е истата слика, забележува Григор Лилов. Потоа тој опишува како се развиле трагичните настани . Во мали часови на ноќта Филип бил пренесен во националната кардиолошка болница . Смртта е од раслојување на аортата, кое предизвикува масовна и тешка хеморагија. Текот на болеста е многу нагла и опасна, бидејќи не дава симптоми . Моите сочувство до родители. Кога умира дете, можеби умира и вселена, пишува во заклучокот Григор Лилов.
Според последните информации претседателот Росен Плевнелиев и неговата сопруга Јулијана кон овој момент не ги известиле органите на обвинителството дека инсистираат на истрага за причините кои доведоа , како и обдукција за смртта на нивниот син Филип.