Синот на НБА звездата Мајкл Џордан уапсен – лудувал во хотел, се тепал со полиција


Кога полицијата го уапсила синот на Мајкл Џордан во Омаха, Маркус лудувал и кршел во собата и пред хотелот каде отседнал.

Не бил сместен во било кој хотел, туку во Embassy Suites. Обезбедувањето се обидело да го смири и совлада, но не успеале по што ја повикале полицијата. Според обезбедувањето младиот Џордан прво гласно се расправал со две жени и тоа на влезот од хотелот во 2 часот по полноќ.

Откако обезбедувањето се обидело да го смири тој се разбеснил. Викал на целиот глас ,, дали знаете кој сум јас, знаете ли кој ми е татко, ќе барам да ве избркаат од работа,, не сопрел тука почнал да удира по вратата, по зидот, по што ќе стигнел.

Кога дошла полицијата ниту тогаш не се смирил. Ги навредувал а кога се обиделе да го уапсат, се спротиставил и се обидел физички да се пресмета со полицајците. На крајот е совладан и приведен.

Поднесена му е пријава за нарушување на јавен ред и мир и пружање отпор при апсење.  Сепак е ослободен од притвор, нормално со дебела кауција. Не се знае дали теткому бил таму да го извади од затвор или не.

 

 

Share Button

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1