Синот на Пеле перел пари за мафијата – осуден е на 33 години затвор


Бразилскиот суд го осуди синот на еден од најдобрите фудбалери во историјата – Пеле, и самиот порано фудбалер Едсон Шолби до Насименту попознат како Едињо, на 33 години затвор за пеење пари заработени од трговија со дроги, пишува во сабота аргентинскиот портал Infobae, пренесувс Макфакс.

pele sinВо овој случај, пред Врховниот сојузен суд во Сао Паоло се осудени уште три лица, по процесот започнат по сознанијата од истрагата започната во 2005 година, а Едињо беше уапсен во јуни истата година.

Едињо беше обвинет за врски со познати трговци со дроги и вмешаност во недозволената трговија со наркотици. Тој категорични ги одрекуваше сите обвиненија, признавајќи дека самиот користел дроги, но не и дека учествувал во нивното препродавање.

Адвокатите на осудениот во првостепената постапка, изјавија дека ќе поднесат жалба, како и дека нивниот клиент до правосилноста на пресудата ќе остане на слобода.

Сега 36-годишниот Едињо во 1990-те го бранеше голот на трофејниот бразилски клуб Сантос, во кој светската слава ја стекна неговиот татко. Во моментов тој е еден од тренерите во клубот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1