Синот на Субрата Рој стана Македонец – добил државјанство


Синот на Субрата Рој, Сушанто Рој за време на престојот во Македонија добил македонско државјанство, дознава НОВА.

Портпаролот на МВР, Иво Котевски вели дека минстерството нема сознание дека на Сушанто Рој му е доделено државјанство. Сепак, Котевски вели дека постои законска процедура според која владата може да донесе одлука за доделување на државјанство.

5661golemaВладиниот портпарол Александар Георгиевски за НОВА ја потврди оваа информација.

„Врз основа процедурата предвидена во законот и врз основа на член 11 од Законот за државјанство, Владата одлучи да го прифати барањето на подносителот Сушанто Рој за прием во државјанство на РМ“, рече Георгиевски за НОВА.

Во член 11 од Законот за државјавство на РМ се вели:

„Странец кој ги исполнува условите од член 7 став 1 точки 1 и 8 на овој закон може со природување да стекне државјанство на Република Македонија ако тоа преставува особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес. Владата на Република Македонија со уредба ќе ги утврди критериумите за особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес за стекнување на државјанство во смисла на став 1 од овој член“.

НОВА

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1