Зоран Спировски има 43 години и е син на возачот Миле Спировски кој загина во атентатот врз Претседателот Киро Глигоров. Оттогаш му се сменил животот, вели дека имало потпишано решение и тој како и другите двајца браќа да добие државен стан, но одлуката некој ја сменил во ноември 95-та.Со себе има само една фотографија, заедничка на неговиот татко Миле и мајката. Со мајката по атентатот живеел во барака во близина на полската амбасада се до вториот трагичен семеен удар. Во јуни 2007-ма починала неговата мајка. Првин го испрашувале полицајци за односите со мајка м, а потоа не му било овозможено да се врати во бараката, иако смета дека била легално купена од неговото семејство.
Зоран 20 години тагува по таткото, во меѓувреме ја изгубил и мајка му, но и егзистенцијата. Заборавен од државата па дури и браќата, живее од помошта на другарите. Ја изгубил семејната куќа, но и станот кој му го дала државата. Дури и кабинетот на Киро Глигоров ги затворил вратите за него, тврди Зоран.,Побарал да се види и со Глигоров додека бил жив, но средба не се случила. Сега бара средба со премиерот Никола Груевски.
Се обидува со собирање на пластични шишиња да заработи за живот, но вели конкуренцијата е голема и едвај се крпи една бала пластика за двесте денари. Живее во подрумска просторија каде се чувствува влага, а 2 и пол илјади денари му се потребни за кирија. Нема од никаде, а се храни по црковни народни кујни, пренесe детали од животот на синот на шоферот кој загина при атентатот на Глигоров, пред некое време Канал5. Потсетуваме на оваа сторија
Спиел во паркови, а за неговата судбина слушнал и премиерот Груевски на кого Зоран му е благодарен што му помогнал да најде работа по договор во министерството за образование. По истечените две години, Спировски повторно мора сам да се снаоѓа. Зависи од помош од црквите и пријателите, како и од собраната пластика. Вели тешко е на негова возраст да се најде работа, а побарал и социјална помош.
Кога го посетивме Зоран, тој правеше планови како да најде пари за киријата која ја доцнеше. Очекува помош и од граѓаните иако до 3-ти октомври 95-та не ни очекувал дека утринската ами бомба и атентатот засекогаш ќе му го одреди животниот пат.