Според извештајот на Светската банка, Македонија е рангирана на 23 место.
Во извештајот се вели дека 25 земји во светот се во групата земји до најмногу иселеници. Во оваа група сме и ние заедно со Западен Брег и Газа, Гранада, Самоа, Сао Томе и Принципе.
Според податоците на Светската банка, кои ги објави весникот Капитал, во 2010 година од Македонија се иселиле 447.000 граѓани.
Според податоците македонците бегаат во земји каде се надеваат на подобра заработувачка. Најчести дестинации се Италија, Германија, Австрија, Словенија, Хрватска, Франција и во Канада.
Според истражувања пак на весникот „Капитал“ 176.423 македонски граѓани се со регулиран привремен престој европските земји. 56.506 добиле странско државјанство.
Од регионот, друштво ни прават Албанија со 45,4% од населението во емиграција и Босна и Херцеговина со 38,9%. А не е ништо подобра ниту Србија.
Според последните информации само за 3 месеци оваа година 200 лекари од Србија побарале потврди кои се неопходни за аплицирање за работа во странство. Според српската статистика од земјата се иселуваат и стари и млади.