Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ги објави деталите согласно кои ќе се врши приемот во задолжително социјално осигурување и плаќање на социјалните придонеси на лица кои склучиле Договор на дело и/или Авторски договор или друг Договор за извршување физичка и/или интелектуална работа, објави Фактор.
Од 01.01.2015 година, согласно измените на одредбите од Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување, на приходот остварен од извршување физичка и/или интелектуална работа врз основа на договор за дело, авторски договор и друг договор кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон, се пресметуваат и плаќаат придонеси за пензиско и инвалидско осигурување и придонес за задолжително здравствено осигурување.
Ослободени од плаќање се професионалните спортисти , функционери, пратеници, советници и други носители на јавни функции. Оние кои примаат надоместок по основ на стипендии, договори за јавна работа кои ги склучуваат единиците на локалната самоуправа, договор за закуп, волонтерство во согласност со закон, судии, поротници, вешти лица и стечајни управници.
Договор за дело, авторски договор и друг договор од извршување физичка и/или интелектуална работа со кои физичко лице – корисник на пензија според прописите од пензиското и инвалидско осигурување не подлежат на плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување.
Деталите за тоа кои документи се потребни, што треба да содржат и на чиј товар ќе паднат придонесите ОВДЕ.