Кога Кристина Гринслејд (66) по децении живот во Франција, дошла во својот роден крај и одлучила да ги повика другарките од школо, не ни помислувала какво непријатно изненадување ќе доживее.
Меѓутоа, кога ги повикала старите пријатели, тие реагирале чудно и со неверување, бидејќи пред 30 години во локалните весници било објавено дека Кристина починала.
– Дури и мојата стара другарка од одделението Вив со која бев многу блиска, звучеше премногу чудно. Не очекувате такво нешто од старите пријатели, рекла Кристина.
Меѓутоа, пријателката набрзо ја повикала и непријатната ситуација се разјаснила.
– Знаеш, ние мислевме дека си мртва, и рекла Вив на Кристина.
Таа објаснила дека локалните весници уште пред 30 години објавиле дека таа починала и дека затоа сите чудно реагирале, кога се јавила. Се испоставило дека се работи за грешка во весниците, кога наместо името на нејзината мајка, објавено е името на Кристина.