Хрватската актерка, Маја Петрин ненадејно почина во 42-та година од својот живот. Според неофицијалните информации смртта на Петрин била предизвикана од срцев удар иако тоа се уште не е потврдено од службените лица. Веста предизвика шок меѓу колегите и целокупната јавност во Хрватска.
Актерката доживеа срцев удар пред 5 години, но од тогаш во повеќе наврати изјавуваше дека успешно го поминала процесот на рехабилитација и дека се чувствува далеку подобро од претходно.
Петрин ќе остане запаметена по богатата телевизиска и театарска кариера, а за нас најмногу по нејзините улоги во серите „Забранета љубов“, „Гордоста на Раткаеви“ и „Вила Марија“
Актерката е родена на 3 јули 1972 години.Зад себе ја остави 17-та годишната ќерка, ужаленото семејство и пријатели кои сè уште се во шок и неверување по веста за нејзината смрт.