Собранието едногласно се распушти – предвремени парламентарни избори на 27 април


Пратениците одлучија и изгласаа распуштање на парламентот со цел одење на предвремени парламентарни избори. Одлуката беше донесена едногласно, со 117 гласови „за“ од 117 присутни пратеници.

sobranie_RMИницијативата за распуштање на Собранието во саботата ја поднесе Демократската унија за интеграција (ДУИ) откако не беше исполнето нивното барање за консензуален кандидат за претседател на Република Македонија.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во саботата објави дека прифаќа одржување предвремени парламентарни избори на 27 април, односно на вториот круг од претседателските избори. Опозициските СДСМ и НСДП исто така ја прифатија иницијативата на ДУИ.

Според Уставот, Собранието се распушта ако за тоа се изјаснат мнозинството од вкупниот број пратеници.

– ВМРО-ДПМНЕ не подлегнува на уцени и закани. Веќе е јасно зошто бараат консензуален кандидат, за да не го добијат, и, како што отворено најавија, да одат на обид за пропаѓање на претседателските избори, а потоа да извршат притисок за промена на Уставот со цел партиите, а не граѓаните да го бираат претседателот на државата. Но, тоа не е крајната цел, рече Груевски на Конвенцијата за избор на претседателски кандидат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1