Ситуацијата на островот Кос е надвор од контрола- ќе се пролее крв


Грчката полиција на фудбалски стадион на островот Кос повеќе од 24 часа држи затворени над илјада имигранти, од кои десетици доживеале напади на паника, објави лондонскиот весник „Индепендент“

Весникот наведува дека околу 1.000 мажи, жени и деца, кои со бродови од Турција пристигнале на осторовот, се држат затворени на стадионот без храна и вода, додавајаќи дека состојбата алармантно се влошува.migranti-500

Претставник на органзиацијата „Лекари без граници“ соопшти дека најмалку 28 од затворените имигранти на стадионот доживеале напади на паника, откако грчката полиција врз нив фрлила шок бомби со заслепувачки светлосни ефекти и заглушувачки експлозии.

– Околу 20 имигранти паднале во бесознание поради прегладентост, дехидрираност и премор, на темпертаура од 33 степени Целзиусови, тврди „Индепендент“.

Според весникот, стотина имигранти се обиделе да го прескокнат ѕидот на стадионот, при што еден од нив паднал и ја повредил ногата.

– Тоа што во моментов се случува претставува целосна диспрпорција меѓу определбата за безбедност на овие луѓе и недостигот на хуманитарна помош која им е неопходна. Има само два тоалети, нема вода… Состојбата е навистина драматична, изјави Вангелис Органудакис од организацијата „Лекари без граници“.

Организаицјата соопшти дека грчки полициајци претепале најмалку шестмина имигранти.

Пред да бидат затворени на стадионот, имигрантите со денови „кампуваа“ долж патиштата и на плажите на Кос, наведува „Индепендент“.

Грчкиот државен министер Алексос Флабурарис изјавил дека на островот Кос ќе биде испратен брод со капацитет за 2500 лица, кој ќе биде претворен во прифатен центар за стотиците имигранти, кои секој ден пристигнуваат на островот.

Бродот ќе биде вкотвен на главното пристаниште на островот.

Градоначалникот на островот Кос Јорос Кирицис изјавил дека локалните власти, вклучувајќи ја полицијата и крајбрежната стража се неспособни да справат со приливот на имигранти.

– Ситуацијата на островот е надвор од контрола. Има реална опасост од неконтролирани ситуации. Ќе се пролее крв, истакнал Кирицис.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1