СЈО бара притвор за градоначалникот на Гази Баба, Трајковски си го бара пасошот


Специјалното јавно обвинителство на јавна седница во Апелациониот суд побара притвор за градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски обвинет во случајот „ТНТ“, а одбраната на Трајковски бара да му се врати пасошот.

Еден од аргументите на СЈО е тоа што градоначалникот добил три уредни покани за да даде исказ во СЈО, но тој не се појавил.

Трајковски пак бара да му биде вратен пасошот и пред судот изјави дека нема да ја попрелува постапката и дека ќе одговара на сите покани.

Тој се товари за незаконско рушење на станбено – деловниот комплекс „Космос“во сопственост на бизнисменот Фијат Цановски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1