СЈО: Побаран притвор за 8 лица – еден веќе приведен


Побарано е мерка притвор за осуммина лица, за кои од СЈО, не кажаа за кои личности станува збор.

Во акцијата „Титаник“ на СЈО, за осум лица се бара притвор, а едно лице со двојно државјанство утрово е лишено од слобода и изведено пред судија.

Обвинителката во СЈО, Фатиме Фетаи, на прес конференција објави дека СЈО отворило истражна постапка за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори, уништување на изборни материјали и злоупотреба на средства за изборна кампања.

Министрите во 2012-та, за внатрешни работи, за транспорт и врски и секретарот на тогашната влада, заедно со други лица, рече Феатаи, го искористиле влијанието и на локално и државно ниво создале група, за вршење кривични дела, за да овозможат победа на одредена политичка партија на изборите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1