Прилогот кој се емитуваше на Си Ен Ен за тоа како се прават статуетките за Оскар, а во кадарот се појави и плочка со натпис дека добитник е Леонардо Ди Каприо, предизвика вистински скандал.
Во понеделникот беше емитуван прилог од Чикаго, од фабриката каде се прават златните статуи, кои ги доделува американската академија за филмски науки и уметности.
Тоа не би било ништо необично, долклку потоа на Твитер не се појави слика која укажува на кадар од емисијата, а на кој се гледа плочка со изгравирано име на Леонардо Ди Каприо како добитник на Оскар за улогата во филмот Волкот од Волстрит.
Инаку, доделувањето на Оскарите е закажано за 3 март. Се поставува прашањето дало овој скандал ќе фрли сомнеж на годинешното доделување на Оскарите. Надлежните уверуваат дека тоа нема да влијае на најголемата филмска свеченост бидејќи се уште не е почнато гласањето по категории и тоа треба да се случи во петок на 14 февруари.
Исто така на плочките се впишуваат имињата на сите номинирани, а по доделувањето на победниците, останатите плочки се рециклираат.