Министерот за надворешни работи и поранешен српски премиер Ивица Дачиќ се најде во центарот на вниманието на српската јавност за наводна секс- афера со две познати старлети кои учествуваат во реалното шоу „Парови“.
Дачиќ, за српски „Курир“ вели дека е под негово ниво да коментира такви гадости и порача дека ќе покрене тужба против сите оние што му го споменуваат името во тој контекст.
Станува збор за поранешната членка на групата „Моделсице“, Ружица Величковиќ која во алкохолизирана состојба признала дека таа и Наташа Шавија која исто така се натпреварува во ова шоу, имале секс со Дачиќ и дека за тоа тој платил 300 евра.
Поранешниот премиер изјвил дека станува збор за лаги и дека за ова ќе поднесе тужба.
– Под секое ниво е да го коментирам појавувањето на моето име во таа емисија и во тој контекст. Затоа што често ме споменуваат во таа емисија, незнам зошто, не ми преостанува ништо друго освен споменатите личности со кои немам никаква врска, рекол Дачиќ.