Скандал: Ги терале децата да глумат дека се со пречки во развој, за да добијат пари од државата


Десет семејства ги завеле своите деца дека се со заостанатост во развојот, ги терале и децата да глумат дури ги праќале и во училиште за деца со посебни потреби, како би добиле од државата пари за нивно чување. Месечно добивале по 4200 денари.

Случаите биле откриени во Скопје и Велес. Сите семејства се  роми и корисници на социјална помош.

,,Иако биле од социјално загрозени семејства тоа во никој случај не ја оправдува оваа нивна постапка да ги злоупотребуваат сопствените деца и да ги тераат да глумат дека се со пречки во развојот,, вели Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика.

Родителите ризикуваат да добијат кривична пријава, но и да биде поведена постапка за да им се одземе родителското право.

По првичните информации и неколку случаи кој се обелоденија, скандалот вчера го обелоденија министрите за социјала, здравство и образование. Сега ќе се формира комисија која детално ќе ги проверува сите 500-тини  предмети за лица со хендикеп кој сега добиваат помош од државата.

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1