Сиромашно момче од Бањалука уапсен од ФБИ за сајбер криминал


Сиромашниот студент од Росуље во Бањалука го шокираше соседството кога се дозна дека тој е еден од хакерите кого го барало ФБИ за милионската кражба на неколку банкарски кредитни картички на клиенти од целиот свет.

Плавшиќ е обвинет за сајбер криминал, а меѓународната група хакери, во која спаѓал и тој, украла најмалку 60 милиони евра од сметки од целиот свет.

Кога полицијата затропала на вратата на трошната куќа бабата на Драган Плавшиќ, велела дека ја погрешиле адресата, дека нејзиниот внук е невработен, нема пари, но го открил неговиот фејсбук профилот каде поставувал фотографии каде се гледа дека пари не му недостигаат. Патувал во Париз во Дизниленд.

Ова ги чуди и соседите кој верувале дека семејството едвај крпи крај со крај.

„Видовме како полицијата доаѓа во куќата, слушнавме дека Драган бил уапсен. Запрепастени сме бидејќи тој беше обично момче, скромно, немаше проблеми со законот, а се надевам дека по ова ќе има нормален живот и ќе може да се вработи“, изјавил сосед на семејството Плавшиќ.

Сепак неговото име се најде меѓу 24 најбарани хакери на ФБИ кој биле дел од меѓународната сајбер криминална група. Драган завршил средно електротехничко училиште ,,Никола Тесла,, во Бањалука. Неговата баба тврди дека немал пари ниту студирањето да си го плати и дека не е во најдобри односи со својот татко. Неговите родители не биле во куќата во време на апсењето.

Хакерската група се офајдила за 60 милиони евра од банкарски сметки во Европа, САД и латинска Америка

Share Button

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1