Видео/Фото: Милионер се самоуби во суд кога го прогласија ВИНОВЕН дека сам си ја запалил 3 милиони вредната куќа


Милионерот од Аризона Michael Marin, 53 годишен се самоуби во судницата додека ја слушаше пресудата ВИНОВЕН дека самиот го подметнал пожарот во 3 милиони вредната куќа.

– судот ја изрекува пресудата

– мартин си го покрива лицето

– посегнува по ташната и става нешто во устата, а потоа го проголтува испивајќи пластично шише вода.

– минута подоцна тој тешко дише и паѓа од столчето

На снимката се гледа како става нешто во устата, за што подоцна се дознало дека било апче. По неколку минути Мајкл неможел да дише. Адвокатите повикале помош и тој бил префрлен во болница во Феникс каде починал кусо време по згрижувањето.

Милионерот беше прогласен за виновен дека во јули 2009 година откако не успеал да ја продаде куќата на добротворна аукција, самиот подметнал пожар во кој целиот објект бил уништен. Според судот Мајкл не можел повеќе да ја исплаќа хипотеката и сакал да се ослободи од имотот.

Обвинителството тврдеше дека откако го подметнал пожарот искористил опрема за нуркање за да избега од куќата. Мајкл во текот на истрагата признал дека го подметнал пожарот и со помош на скала успеал да избега од 2 кат на куќата. Со пресудата ВИНОВЕН му се закануваа 16 години затвор.

Милионерот дипломирал на ЈЕИЛ бил брокер на Вол Стрит и колекционер на цртежи на познати уметници како Пикасо. Ги обожувал и височините како Монт Еверест и џунглите во југоисточна Азија. Беше татко на 4 деца, и дедо на 2 внуци.

Share Button

Tags: , , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1