Фото: Деканот на електро нашол марихуана во саксијата на влезот на факултетот


Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, Миле Станковски, пронашол растение марихуана како слободно расте на факултетот, пишува Нова Македонија повикуваји се на извори од порталот Бисерко кои ги снимиле фотографиите од марихуаната.

Весникот пишува дека Во понеделникот, половина час пред пладне, неколкумина од тимот на страницата Бисерко, качувајќи се по скалите на факултетот, погледите им ги привлекле карактеристичните листови на растението, проникнати до зимзеленото дрвце во жардиниерата на платото пред влезната врата.

– Фотографијата ја направивме во 11.27 часот со мобилен телефон. Се вративме подоцна околу 17 часот да направивме повеќе фотографии со професионален апарат, но марихуаната веќе беше отстранета – велат од „Бисерко.мк“. Го прашале деканот кој потврдил дека ја видел и самиот ја откорнал марихуаната.

Го погледнал одблизу напреднатото растение и се шокирал кога открил дека навистина марихуана расте во саксијата.

Деканот веднаш штом го забележал растението, го откорнал од жардињерата. Факултетската управа засега не знае кој ја насадил марихуаната, прегледан е целиот простор околу факултето за да се осигураат дека нема и на друго место никнато марихуана.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1