Началникот на истанбулската полиција Алтинок Селами им дал отказ на двајца полициски инспектори кои се обвинети за употреба на прекумерна сила при распитот и истрагата во врска со убиството на навивачот на Црвена звезда Марко Ивковиќ пред три недели во Истанбул.
Како што пренесуваат турските медиуми отпуштени се двајца полицајци затоа што по нивна наредба вршеле измачување на уапсени по настанот со цел да изнудат изјави кои ќе помогнат во наоѓање на сторителот на убиството.
Според турските медиуми притоа на повеќе навивачи на Галатасарај им се ставани и буткани шишиња во аналниот отвор како мерка на присила. По испрашувањето турската полиција дошла до сторителот на убиството – тоа е Кадри Акташ (53) од Истанбул кој со нож го убил Марко Ивковиќ од Србија