Србија е на работ на нов скандал, во кој главната улога ја имаат познати политички лица. Големата полициска истрага која се води во моментов, за елитна проституција во Србија, ги разоткрила најбизарните сексуални навики на некои од српските политичари.
Како што дознава српски „Курир“ од блиски извори на истрагата, оперативните податоци укажуваат на тоа дека еден опозициски лидер и неговата сопруга и плаќале на една новосадска пејачка за секс во тројка. За ноќ со атрактивната старлета, која се декларира како пејачка, политичарот и неговата сопруга и плаќале и по неколку илјади евра.
Настраноста на политичарот и неговата сопруга испливала на површина така што пејачката под дејство на алкохол ги открила своите необични искуства во пошироко друштво во кое се нашол и еден полициски функционер.
– Девојката раскажа дека се запознале преку заеднички пријател, исто така од јавниот живот, и дека по забавата со кокаин и алкохол завршиле во некој стан во Нов Белград. Подоцна било утврдено дека тој стан го изнајмувале за организрање оргии. Брачната двојка уште неколку пати побарала сексуални услуги на пејачката – вели изворот на „Курир“.
Тој открил дека според сведочењето на девојката, познатиот политичар во таа тројка честопати бил само набљудувач.
– Не бил задолжителен секс во тројка. Некогаш му било доволно само да ги набљудува својата сопруга и пејачката како се допираат – додал изворот.
Во последните неколку дена во јавноста беше објавено дека е покрената полициска истрага за елитна проституција, а се започнало кога порно-снимки од елитни проституки и српски политичари дошле до странските служби.