Хашкиот трибунал им изрече денеска ослободителна правосилна пресуда на хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач, а Жалбениот совет наложи веднаш да бидат ослободени.
жестоки реакции за оваа одлка на судот – Во Србија се чудат како Готовина кои беше генерал кои и вооружен учествуваше во војната во Хрватска е ослободен, а од друга страна Шешељ е се уште во Хаг – никогаш не земал пушка во рака, не бил воено лице за време на војната – му се суди за идеали и искажани ставови и мислења во врска со војната.
Готовина во првостепената постапка во 2011 година беше осуден на 24 години затвор, Маркач на 18 години. Обвинети беа за акцијата ,,Олуја,, во која беа убиени 1960 мртви Срби од кои 1205 биле цивили, 525 жени и 12 деца. а во акцијата се протераа околу 220 000 луѓе од своите домови.
Жалбениот совет на Хашкиот трибунал, на почетокот на читањето на правосилната пресуда за Готовина и Маркач, изнесе дека нема докази дека тие учествувале во заеднички злосторнички акции со цел насилно да се протера српското цивилно население од Краина.
Претседавачот на Советот, судијата Теодор Мерон изјави, исто така, дека Жалбениот совет делумно ја прифаќа жалбата на Готовина и Маркач и го отфрла заклучокот дека нападите на Книн, Грачац, Обровац и Бенковац биле противзаконски.
Советот оцени и дека заминувањето на цивилите за време на артилериските напади не може да се смета како депортирање.
Тој експресно се врати дома во Хрватска .
Жестоки реакции во Србија на оваа одлука на Хаг.
Срамна одлука, оцени претседателот на Република Српска Милорад Додик
– Неверојатно е по првостепената пресуда на на хрватските генерали сега да биде донесена ослободителна пресуда. Можеше да се очекува, можеби, намалување на казната, но не и ова, истакна Додик.
Претседателот на Република Српска смета дека „политиката имала одлучувачко влијание“ и дека Хрватска, која треба да стане членка на ЕУ, со пресудата за здружениот злосторнички потфат „сигурни не би имала добри препораки“.
– Ова е понижувачка одлука за сите жртви, за сите Срби… Сите кои веруваа дека постои меѓународна правда сега можат да бидат сигурни дека таа е селективна, и политичка и дека само на тој начин и се применува, вели Додик.
Шефот на Националниот совет за соработка со Хаг и српски вицепремиер Расим Љајиќ смета дека Хашкиот трибунал со денешната пресуда го изгубил секој кредибилитет.
Љајиќ рече дека нелогично е тоа што никој не оспорува дека се случиле злосторства во акцијата „Олуја“, но дека уште ниту еден поединец за тоа не одговарал.
Обвинителот за воени злосторства Владимир Вукчевиќ рече дека ослободителната пресуда за Готовина и Маркач покажува дека сериозно е загрозен принципот на казнивост на воените злосторства и додаде дека таквата одлука на Хашкиот трибунал е скандалозна.
– Се работи за еден од најголемите воени злосторства во поранешна Југославија, за убиства, протерувања и загрозеност на повеќе стотици илјади луѓе, а за тоа никој досега не одговарал, рече Вукчевиќ.
Според него, правно е неиздржливо што првостепениот судски совет на обвинетите им изрекол високи казни, а дека второстепениот совет донел дијаметрално спротивна одлука.