Голем скандал се случил деновиве на клиниките во Ниш помеѓу синот на тешко болна пациентка и д-р Јадранка Паравина, јавуваат српските медиуми.
Имено, откако од ординацијата на д-р Паравина се слушнала расправија, влетало и обезбедување, за целата драма заврши со непружање помош на жена која боледува од тешка форма на мултипла склероза, и која поради отворените рани, била испратена на одделот за хирургија за преврска.
– Влегов и побарав помош од д-р Паравина да ја прими мајка ми. Докторката бурно изреагира. Ме исфрли надвор, викаше на мене дека сум невоспитан, и тоа да не ја учам јас што таа треба да работи. И тоа пред мајка ми, која цело време плачеше. Се е снимено со мојот мобилен. Мама е во краен стадиум на неизлечива болест, а поради раните не испратија на хирургија.