Скандал во српски манастир: Монахиња тврди дека е жртва на сексуално злоставување


Искушеничката М.К. (36) од Бијело поле тврди дека била жртва на сексуално злоставување од страна на игуманијата А. (72) во манастирот „Пророк Свети Илија“ во Јабука, кој се наоѓа во близина на границата меѓу Србија и Црна Гора. Според нејзините наводи, игуманијата барала да ја гали по нозете и бутовите, а во Крушевац купила “апарат за масирање со одвратен изглед кој вибрирал и менувал бои како семафор“, пренесува српскиот весник „Ало“.

monahinja kalugjerka

Искушеничка тврди дека игуманицата намерно се соблекувала пред неа, а во една прилика недолично ја допирала за време на бдеењето во црква.

Монахот Н. Од манастирот Каменица во Бродарево кон крајот на декември укажал дека ова не е изолиран случај во Милешевската епархија.

Тој испратил писмо до претседателот на Србија, Томислав Никовиќ, патријархот Иринеј и рускиот патријарх Кирил, во кое наведува дека владиката Филарет во својата епархија толерира алкохолизам, сексуални пороци и перверзија, но и ненаменско трошење на пари.

Игуманијата за „Ало“ ги демантираше наводите на искушеничката.

– Зарем би можеле такви работи да помислите, а не пак да зборувате и да пишувате за нив? Јас сум стара и сериозна жена, имам 72 години. Тоа е една скитничка која ја спасив и ја примив во манастирот, а таа сега ми враќа на ваков начин, нека и служи на честа. Тоа е безобразие, а тоа нема да помине добро пред Бога. Тоа е се што имам да ви кажам“ – изјави игуманијата за „Ало“.

Ви пренесуваме дел од исповеста на искушеничката:

-За прв пат се посомневав во тоа дека нејзините намери не се чесни, кога во манастирот Куманица за време на бдеењето, го почувствував нејзиниот допир на мојата рака. Тој допир, благо кажано кај мене предизвика гадење. Откако излегов од црквата, ме фати за рака и ме повика заедно да се прошетаме низ шумата.

После извесно време, на нејзино барање, дојдов во манастирот „Пророк Свети Илија“ во Јабука со желба да учествувам во изградбата на конакот. Во текот на заедничкиот престој во контејнерите, каде спиевме, присуствував на нејзиното соблекување и отстранување на облеката, при што бараше да не и замерувам на нејзиното слободно однесување.

На почетокот не придавав на тоа внимание, но работите се закомплицираа дента кога побара да ја масирам од стапалата, преку колената па и бутовите, што и го направив со голема мака и гадење.

Чашата се прели кога купи апарат за масирање со одвратен изглед, кој стигна од аптека во Крушевац на нејзино лично име, во време кога во манастирот немаше никакви приходи. Кога направата стигна, за да биде уште полошо, бараше јас лично да ја отворам кутијата. Кога го видов апаратот, не можам да ви опишам како се чувствував. Тогаш ми рече:

– Ако те болат рацете со ова ќе ме масираш – барајќи да ја вклучам во струја оваа одвратна направа која вибрираше и менуваше бои како семафор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1